1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Меркел – Јапонија

*

Германската канцеларка, Ангела Меркел, денеска е во посета на Јапонија, каде треба да разговара со премиерот Шинзо Абе. Една од најважните теми на разговорите е заштитата на климата.

Германската канцеларка во Јапонија доаѓа од Кина, каде посетата ја заврши со пуштањето во употреба на еден проширен објект на Сименс во градот Нанџинг. Таа изјави дека објектот на Сименс е важен не само за развојот на Кина, туку и за германската економија.