1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Меркел: Хитлер е предупредување за сите генерации

На одбележувањето на 80. годишнина од доаѓањето на власт на Адолф Хитлер, канцеларката Ангела Меркел ги повика Германците секогаш да се борат за своите принципи и да не дозволат повторно таква катастрофа.

Говорејќи на отворањето на изложбата во новиот музеј во Берлин, во кој е документиран нацистичкиот терор во првите години од владеењето, Меркел наведе дека академици и студенти со задоволство им се придружиле на нацистите во палењето на книгите кои ги сметале за субверзивни.

„Подемот на нацистите беше можен затоа што елитата на германското општество работеше со нив, но уште повеќе, затоа што мнозинството во Германија го толерираше нивниот подем“, порача германската канцеларка.

Откако освои околу една третина од гласовите на изборите во Германија во 1932 година, Хитлер го убеди остарениот претседател Паул Фон Хинденбург да му ја довери канцеларската функција на 30 јануари 1933 година, со што беше отворен патот за војната и геноцидот кои следуваа. Еден месец откако дојде на функцијата канцелар, Хитлер го искористи палењето на Рајхстагот, за кој ги обвини комунистите, да ја зајакне својата власт. Ги суспендираше цивилните

Machtergreifung NSDAP Hitler Reichskanzler

Именувањето на Хитлер за канцелар, 30.01.1933

слободи и ги забрани опозициските партии. До средината на летото 1933 година, нацистичката партија беше единствената политичка партија во Германија.

Слободата треба да се избори

Фактот дека Хитлер успеа да ја урне германската демократија за неполни шест месеци, за канцеларката Меркел е доволно предупредување за денешните генерации доколку се апатични.

„Човековите права не се спроведуваат сами од себе, слободата не се раѓа сама од себе, а демократијата не успева сама од себе“, порача Меркел. „На модерното општество му се потребни луѓе кои имаат почит и однос едни кон други, кои преземаат одговорност за себе и за другите, каде луѓето преземаат одважни и отворени одлуки и кои се подготвени да прифатат критика и опозиција“, рече германската канцеларка.

По отворањето на новиот меморијален центар, кој е изграден врз остатоците од зградата на нацистичката тајна служба Гестапо, седница одржа и германскиот парламент на која им беше оддадена почит на жртвите на нацистичкиот терор. На парламентарците им се обрати писателката Инге Дојчкрон, 90-годишна Еврејка од Берлин која го преживеала погромот на нацистите. Таа потсети дека мнозинството Германци го славеле доаѓањето на власт на Хитлер. Исто така, голем дел од жителите на Берлин со незаинтересираност ја следеле судбината

Eröffnung der Ausstellung 1933 Der Weg in die Diktatur

Изложбата „Патот кон диктатурата“

на Евреите, кои во првите години биле принудени да носат жолти ѕвезди на облеката.

Кога ја посетила земјата по завршувањето на војната, Дојчкрон забележала дека мнозинството Германци „едноставно ги избришале од своето сеќавање злосторствата на претходниот режим“. Дојчкрон ги цитираше изјавите на првиот германски поствоен канцелар Конрад Аденауер, кој велел дека мнозинството Германци му се спротивставувале на нацистичкиот режим и дека многумина им помагале на Евреите да се спасат.

„Би било убаво тоа да беше вистината“, порача Дојчкрон.