Меркел: „Успешна 2007 година„ | Теми на денот | DW | 31.12.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Меркел: „Успешна 2007 година„

Германската канцеларка извлекува позитивен биланс:„Зад нас е успешна работна година. Година во која Германија, се на се, направи добар чекор напред„„ вели Меркел во новогодишното обраќање до граѓаните на земјата

default

„Да ги потврдиме постигнатите успеси„. Меркел ја упатува Новогодишната честитка до германските граѓани.

„Пред се во битката против невработеноста: еден милион помалку невработени, еден милион повеќе вработени – кој сметаше пред две години дека е можен таков развој! И во санирањето на државниот буџет одиме напред. Првпат по обединувањето урамнотежениот буџет веќе не е само желба, туку е на дофат. И не како последно, ситуацијата во науката и иноваторството, во образованието и остручнувањето. И тука одиме напред„, вели Меркел во Новогодишната порака и додава:

„Ова се само малку примери за состојбата во нашата земја денес. Но, сите имаат едно заедничко: тие покажуваат дека во Германија работите видливо одат напред. Нашата земја ослободува нови сили и на тој начин ги поврзува со старите. Зашто со децении Германија беше земја со шанси за секого: шанси за напредок, шанси за учество, шанси нешто да се постигне, за себе и за семејството. По подолга фаза на застој, токму тоа повторно е можно за секого. Денес ги гледаме првите резулттаи. Гледаме дека напорите се исплаќаат. Во 2007 во нашата земја беше подобро отколку во 2005. Но, тоа мора да се стабилизира, зашто и покрај сите резултати, не смееме да застанеме. Преголеми се ризиците за нашата конјунктура и нашиот економски растеж, посебно поради светските влијанија„.

Во новогодишната порка, канцеларката Меркел се осврнува и врз односите на Германија со светот:

„Другите земји многу внимателно посматраат што прави Германија. Се гледаат нашите можности и нашата растечка економска способност. Точно се посматра како консеквентно и убедливо ги застапуваме нашите економски и политички цели. Двете заедно во последните две години видно го зголемија германскиот углед во светот. На пример, во тоа што Европската унија повторно стана способна да дејствува. Или во нашиот ангажман за заштита на интелектуалната сопственост и во битката против пиратеријата кои го слабеат нашето стопанство. Или колку се ангажираме во заштитата на климата. И не како последно, како нашите војници, полицајци и помогачи во обновата и далеку од татковината, помагаат во обезбедувањето на мирот и стабилноста„, вели меѓу другото, германската канцеларка Ангела Меркел во пораката по повод новата 2008 година.