1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Меркел со апел до Ирак

Денеска во Минхен официјално почна меѓународната Конференција за безбедносни прашања. Честа да ја отвори и годинава и‘ припадна на канцеларката Ангела Меркел, која во програмскиот говор пред 250 угледни гости од 40 земји порача.

Меркел со американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс на конференцијата во Минхен

Меркел со американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс на конференцијата во Минхен

“Засилувањето на европскиот безбедносен идентитет, одвоен од атлантското партнерство, е за мене незамислив пат. Обата камена темелника се како две страни на истиот медал. Затоа за мене и во иднина НАТО ќе биде најсилен израз на безбедносна политика за која заедничко носиме одговорност.“

Германската канцеларка исто така ја нагласи решеноста на меѓународната заедница да го спречи создавањето атомска бомба на Иран. Официјален Техеран мора да ја почитува резолуцијата на Советот за безбедност на ОН и тоа без трикови. Во спротивно му се заканува меѓународна изолација – порача Меркел, која е и претседавач со ЕУ за првата половина на оваа година.

За проблемот со иранската атомска програма, стана збор и вчера вечер кога израелската министерка за надворешни работи Ципи Ливни на свечената вечера апелираше до меѓународната заедница да ја сопре атомската закана што доаѓа од Иран. Тоа е опасност за целиот свет, порача Ливни во свечениот говор. На конференцијата, од која по традиција не излегуваат никакви обврзувачки заклучоци, допатува и главниот преговарач на Иран Али Лариџани. Според најавите тој ќе има средба и со германскиот министер за ндаворешни работи и актуелен претседавач со министерскиот совет на ЕУ, Франк Валтер Штајнмајер.

Покрај разгледувањето на другите кризни региони во светот како Авганистан, Блискиот исток и Косово, важна тема на средбата ќе биде и отпорот на Русија против инсталирањето против ракетни системи на НАТО во Полска и Чешка. Наспроти уверувањата на официјален Вашигтон дека тие системи служат за одбрана од земји како Иран или Северна Кореја, руското раководство навестува модернизација армијата како против одговор. Набљудувачите со нетрпение го очекуваат ставот на рускиот претседател Владимир Путин, кој во моментов зборува пред гостите на Конференцијата во Минхен. Интересот е насочен и кон евентуалниот одговор на новиот американски министер за одбрана Роберт Гејтс. И за Путин и за Гејтс ова е прво учество на традиционалната конференција за безбедност, што годинава се оддржува под мотото: “Глобални кризи – глобална одговорност.“