1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Меркел: социјални и еколошки стандарди за успех на глобализацијата

*

Германскиот канцелар Ангела Меркел пледира за одговорен стопански пораст. Глобализацијата може да успее само со придржување кон социјални и еколошки стандарди, рече таа на собирот на верниците на Евангелистичката црква од Германија во Келн. Во првиот настап по самитот на Г8 Меркел нагласи дека порастот не е цел сама за себе, туку мора да е од полза за сите. Во разговор со носителот на Нобеловата награда за мир Мохамад Јунус од Бангладеш, Меркел се искажа за фер трговија, за со тоа и најсиромашните земји да имаат шанса.

Попладнево и сојузниот претседател Хорст Келер ќе учествува на една од манифестациите на собирот на евангелистите.