1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Меркел: состојбата е сериозна

Освен парите, повеќе милијарди евра, во Германија недостасува пред се‘ доверба во финансискиот систем. За граѓаните да не ја изгубат довербата и во државата, канцеларката Ангела Меркел излезе со владино соопштение.

default

И покрај тешкотиите, ќе има излез, сигурна е Меркел

Ситуацијата е сериозна, но знаеме што правиме и Германија ќе ја надмине кризата, тоа е пораката која германската канцеларка Ангела Меркел ја изнесе пред германскиот Бундестаг. Таа истакна дека не може ништо да се разубавува и прикрива. Долгорочните ефекти од финансиската криза се се‘уште несогледливи. Непредвидливи се и последиците за земјата и развојот. Но, и во овие тешки часови, потенцира Меркел, Германија е силна. Taa e цврсто убедена дека ефектите од финансиската криза ќе бидат надминати , иако нема да биде лесно.

Поголема одговорност во иднина

Во иднина, потенцира Меркел, нужна е поголема одговорност на менаџерите за неуспесите во економијата и за неодговорните шпекулации. Постојните закони мора да се спроведуваат поконсеквентно и да бидат донесени нови. Канцеларката освен тоа ја поздрави оставката на досегашниот шеф на Управниот одбор на финансискиот концерн „Хипо Риал естеит“, Георг Функе. Тоа беше нужен чекор заради воспоставување нова доверба во оваа институција, смета Меркел:

„Сите овие мерки се заради функционирање на нашата економија, а пред се‘ за да им служат на граѓаните во земјата. Кон ова спаѓа и изјаснувањето дека ниеден штедач не треба да стравува за своите пари.“

Опозицијата без предлози, но со критики

Ова ветување на Меркел меѓутоа не е поткрепено со закон и таа не наведе како ќе гарантира државата за заштедите, кои изнесуваат вкупно околу билион евра. Тоа воопшто не и‘ се допаѓа на опозицијата. Лидерот на Левичарската партија, Оскар Лафонтен, на владата и‘ префрли за дилетантизам, дека од почеток погрешно ја проценила финансиската криза.

Bundestag Vollbesetzte Plenum

Сите пратеници не се убедени

„Доверба не се стекнува со претставување на работите за неважни. Владата долго го правеше тоа со кризата и е виновна за губењето на довербата од граѓаните.“

Но, и опозицијата немаше конструктивни предлози како да се совлада кризата. Како и Лафонтен, така и шефот на либералите Гидо Вестервеле порадо остро ја критикуваше владата. Тој ја поздрави гаранцијата за штедните влогови, но побара да се изнесе како мерките и кризата ќе делуваат врз германскиот буџет.







DW.COM