1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Меркел се сретна со Далај Лама

*

По разговорите меѓу германската канцеларка Ангела Меркел и Далај Лама, сојузната влада сака да остане на политиката на добри односи со Кина. Сојзуниот министер за правда Бригите Циприс изјави оти се надева на нов термин за одржување на германско кинескиот правен симпозиум во областа на заштитата на авторските права . Пекинг претходно го откажа учеството на средбата заради средбата Меркел Лама. Инаку владиниот портпарол Улрих Вилхелм изјави дека на едночасовната средба во Берлин, Меркел изразила зборови на поддршка кон религиозниот водач на Тибет и неговите напори за зачувување на културниот идентитет на регионот. Далај Лама оритоа нагласил дека не се стреми кон независнсот на неговата татковина од Кина.