Меркел се радува на напредокот меѓу Македонија и Грција | Македонија | DW | 17.05.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Меркел се радува на напредокот меѓу Македонија и Грција

Германската канцеларка во официјалната изјава на самитот во Софија говореше за спорот за името и го поздрави напредокот кој го постигнаа претходно двајцата премиери

„Се радуваме што слушаме дека добро напредуваат разговорите меѓу Македонија и Грција“, порача германската канцеларка Меркел од Софија.

„Обете земји сторија многу во правец на значителен напредок, иако сѐ уште не се на целта", рече таа.

Меркел денеска на маргините на самитот разговараше со двајцата премиери, Алексис Ципрас и Зоран Заев. Таа потврди дека одлуките за евентуално доделување на датум за почеток на преговорите со Македонија и Албанија ќе се носат на следниот самит, на крајот на јуни годинава. Меркел уште еднаш потврди дека иднината на Македонија во тој поглед директно ќе зависи од решението во спорот за името.

„Ние многу посакуваме спорот за името да се реши затоа што за Македонија многу зависи од тоа решение, а истовремено да се реши и еден проблем", рече Меркел.

Повеќе: Зоран и Алексис се договориле за името, се чека на Македонија и Грција

Македонскиот премиер Заев претходно изјави дека тој и Ципрас изнашле опција која може да биде прифатлива како решение за спорот за името за двете страни. Сега, според македонскиот премиер, институциите на системот во обете држави треба да овозможат спроведување на решението.

 

DW.COM