Кризниот штаб на министерството за надворешни работи пружа напори за ослободување на пред два месеца грабнатите Германци во Багдад. Заменик портпарлот на владата Томас Штег рече дека канцеларката Меркел и натаму се надева дека 61 годишна Ханелоре Краузе и нејзниот син ќе бидат ослободени. Министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер, втортата видео снимка објавена вчера ја означи како нечовечна. Во пораката се бара во рок од десет дена Германија да ги повлече војниците на Бундесверот од Авганистан.