1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Меркел се врати, а проблемите ја чекаа

Ангела Меркел се врати од одмор. На неа чекаат многу нерешени проблеми и многу работа. Но, канцеларката нема да брза. Таа за неколку дена таа оди на патување.

Канада во минатите години стана една од омилените дестинации за одмор на Германците. Но, Ангела Меркел преферира поблиски места за одмор. Неколку дена по одморот на планина во Јужен Тирол канцеларката сепак ќе лета утре кон канадскиот главен град Отава. Се работи за службено патување, кое веројатно ќе биде полно со релаксираност. Врските со членката на НАТО се традиционално без проблеми, а канадската политичка култура е послична со европската, отолку со онаа во соседните САД.

Патувањето во Канада може да се гледа како знак дека Меркел не остава еврокризата да ја преокупира. Како и да е, таа во овој момент не може да направи многу во ова најголемо витално прашање. Германија и остатокот од Европа и финансиските пазари во светот, мораат да почекаат на одлуките на германскиот Уставен суд и на т.н. Тројка.

Работите ќе станат сериозни во средината на септември

Германскиот Уставен суд ќе објави на 12-ти септември дали постојаниот фонд за спас ЕСМ, како и европскиот фискален пакт се во согласност со германскиот устав. Ако судиите од Карлсруе речат не, тогаш Европа, а пред се’ Ангела Меркел, би имала еден огромен проблем.

Во меѓувреме, Тројката од Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд проверува дали Грција ги исполнила предусловите за дополнителна исплата на финансиската помош. Таа ќе го објави резултатот најрано во средината на септември.

rlsruhe Verhandlung Eilantraege Euro Rettung Bundesverfassungsgericht

Одлуката е во рацете на уставните судии, а таа може да биде непријатна како за Европа, така и за германската влада

Претстои голема работа

Медиумите во Германија во минатите денови направија листа на се’ што канцеларката би можела да очекува како работа, настрана од еврокризата. Весникот „Зиддојче цајтунг“, на пример, го наброја детскиот додаток, кој го примаат сите родители, без оглед на висината на своите примања; сумата на пари што ја доплаќа државата за да се достигне минималното гарантирано ниво на пензии; потоа примената на политиката за енергетски пресврт; одлуката за тоа дали да се забрани десно-екстремистичката НПД; зачувувањето на податоците во телекомуникацијата за борба против криминалот; побараниот нов изборен закон од страна на Уставниот суд; задржувањето или отфрлувањето на здравствената партиципација за посета на доктор; како и еднаквото даночно третирање на регистрираните хомосексуални заедници со лицата кои се во хетеросексуален брак. Како дополнение на ова е контроверзниот договор со Швајцарија за оданочување.

Како и да е, ова и‘ беше седмиот летен одмор на Меркел како канцеларка, а спореден со претходните, не беше ништо поразличен. Но, медиумите се обидоа за време на летото да ги пополнат страниците и програмата со интервјуа со политичари, одбирајќи притоа контроверзни изјави. Но, кога шефицата се враќа, мора се’ да се израмни во иста линија, а порано или подоцна тоа и успева.

SPD-Troika Sigmar Gabriel Peer Steinbrück Frank Walter Steinmeier

Зигмар Габриел, Пер Штајнбрик и Франк-Валтер Штајнмајер ја сакаат работата на Меркел

„К-прашање“

Во летната пауза, на една година пред парламентарните избори, имаше уште една посебна карактеристика. Новинарка од „Зиддојче цајтунг“ пред многу години на една дискусија и’ го даде името „К-прашање“. Се работи за тоа кој опозиционен кандидат би бил најдобар во предизвикувањето на канцеларот, или во случајов канцеларката.

Меѓу социјалдемократите има тројца потенцијални кандидати – Зигмар Габриел, Франк-Валтер Штајнмајер и Пер Штајнбрик.