1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Меркел-Саркози

*

Спорот меѓу Германија и Франција околу идното раководење со европскиот авио-концерн ЕАДС е надминат. Францускиот менаџер Луј Галоа ќе биде единствен претседател на Управниот одбор на ЕАДС, додека германскиот ко-претседавач, Томас Ендерс ќе замине на чело на Ербас, кој е дел од концернот ЕАДС. Ваквата согласност е постигната на самитот на германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Никола Саркози што се одржува во Тулуз. И Меркел и Саркози оценија дека е ова голем ден за концернот и за односите меѓу двете земји. Друга тема на самитот во Тулуз е европската економска политика. Саркози веднаш на почетокот на неговиот мандат предизвика иритации со неговата критика на јачината на еврото.