1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Меркел пристигна во Јордан

Германскиот канцелар Ангела Меркел допатува во јорданскиот град Акаба, прва станица од тридневното патување по Блискиот исток во нов обид за заживување на мировниот процес. Во Јордан Меркел ќе разговара со кралот Абдула, а потоа ќе ги посети Израел и палестинските територии. Меркел рече дека сака да добие сопствена слика за мислењата, со оглед на тоа дека со ангажманот на арапските држави во регионот дојде до значително придвижување.

На крајот од патувањето германскиот канцелар ќе престојува во Либан, каде ќе ги посети и припадниците на германската воена морнарица кои патролираат во водите пред либанскиот брег.