1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Меркел: Пристапна конференција за Србија во јануари

Германската канцеларка Меркел на денешната седница на Бундестагот изјави дека „дури по потврдата за имплементација на нормализацијата на односите (Србија и Косово) може да се свика прва пристапна конференција“ за Србија.

„Ме радува што на Советот на ЕУ ќе се зборува за можен почеток на преговори за влез на Србија во ЕУ“, рече денеска (27.06) пред германските пратеници во Бундестагот канцеларката Ангела Меркел. „Нема осмневање дека Србија и Косово во последните месеци постигнаа одлучувачки напредок во нормализацијата на односите. Но, исто така нема сомневање и дека постигнатиот договор мора да се спроведе. Дури по потврдата за имплементација на нормализацијата на односите во декември, може да се свика првата пристапна конференција во јануари 2014. Процесот на нормализација мора да продолжи и пред пристапувањето на Србија кон ЕУ. Мора да дојде до целосно нормализирање на односите (на Србија и Косово)“, изјави Меркел.

Фолкер Каудер, партиски колега на германската канцеларка (од Христијанско-демократската унија), зборувајќи за самитот во Брисел истакна дека на него ќе бидат донесени важни одлуки. „Една од важните одлуки е - преговори со Србија на патот кон Европа“, рече Каудер, а потоа му се обрати на кандидатот на опозиционите социјалдеморкати за канцелар Пер Штајнбрик: „Ние, господине Штајнбрик, ги поддржуваме тие преговори, но за разлика од тоа како вие тоа го формулиравта за денешната дебата, вие сакате денеска да се одреди датум за почеток на преговори, ние велиме ’да’ за преговори, но пред да се одреди датум за почеток мора да се добие потврда за спроведувањето на нормализацијата на односите на Србија и Косово.“