1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Меркел предлага повелба за траен развој на светската економија

Германската канцеларка Ангела Меркел иницира светски координирана акција против финансиската и економската криза. Првите луѓе на повеќе светски организации, кои ги покани во Берлин, се согласија со идејата.

default

Ангела Меркел и Роберт Зелик, претседателот на Светската банка

На поканата на Меркел во Берлин допатуваа претставници на Организацијата за економска соработка и развој, ОЕЦД, Меѓународната трговска организација, Светската банка, Меѓународниот монетарен фонд и Меѓународната организација за труд.

„Овде доживуваме пример на раководење,“ изјави Ангел Гуриа, генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој по средбата со канцеларката. Нејзе, инаку, во моментов во земјата и‘ се префрлува слабост во донесувањето одлуки и недостаток на визии. А шефот на една од најважните светски организации, ОЕЦД, алудирајќи на Ангела Меркел, оценува:

„Работите се менуваат ако политичките водачи имаат јасни визии и ако цврсто опстојуваат на нив.“

Нов светски економски поредок

Меркел во последно време повеќепати се изјасни за нов, посилен светски економски поредок. Таа го посочи како пример германскиот модел на социјално пазарно стопанство, а сега доби потврда од шефовите на петте светски организации.

„Мислиме дека гарант за развојот и просперитетот во светот и во иднина може да биде само ефикасно развиено социјално пазарно стопанство,“ изјави Меркел, предлагајќи Чарта, основна повелба за траен развој на економијата. Според Меркел, во оваа финансиска криза е важно да не се загубат од вид и земјите во развој:

„Не само што тие имаат право на фер развој, туку во наш заеднички интерес е тие да напредуваат, светската економија долгорочно не може да се генерира без земјите во развој“, потенцира Меркел.

Symbolbild Rettungsring Verstaatlichung Deutsche Firmen und Banken

Германија спасува банки и фирми поради кризата со помош од државата

Генералниот секретар на Светската трговска организација, Паскал Лами укажа на загриженоста во земјите во равој во врска со конјуктурните програми во индустриските земји, на кои тие не можат да се спротивстават:

„Овие огромни пакети од државни пари, кои се слеваат во банките или во индустријата, би можеле да ги изместат трговските текови.“

Без враќање на старото

Приоритет сега има надминувањето на кризата, дополнува генералниот секретар на Светската организација за труд, Хуан Сомавиа, нагласувајќи дека потоа не смее да се продолжи како претходно:

„Пред кризата постоеше глобализациски процес, кој беше неправеден, на што канцеларката јасно укажа.“

Посакуваната Чарта за траен развој на економијата треба да ја подобри глобализацијата. За во иднина да бидат избегнати слични кризи, мора да постои координација на политичките мерки, потенцираше Диминик Штраус-Кан, шефот на ММФ:

„Она за што сега всушност се работи, е прашањето за регулирање во светски рамки, некој вид надзор и надгледување не само на финансискиот сектор, туку на светската економија.“

Германската канцеларка смета дека ваквата ефикасна регулативна институција треба да биде во рамките на ОН и да не биде под влијание само на индустриските земји од Групата 20:

„Не би сакала да формираме тело, кое во која било смисла би било елитно“, потенцира Меркел.