1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Меркел предизвика полемика

Писмото на шефот на германската опозициона партија, Ангела Меркел, во кое таа на европско ниво покрена иницијатива против целосно членство на Туција во унијата, во Германија предизвика бранувања, дури и во редовите на нејзините партиски колеги.

Полемика за Турција

Полемика за Турција

Ангела Меркел испрати писмо на адреси на шефовите на влади, претседатели на партии и членови на Бриселската комисија, кои и припаѓаат на Европската народна партија. Таа бара постигнување единствен став на граѓанските и конзервативните партии во ЕУ околу политиката на Унијата кон Турција и се залага против целосно членство на Турција во ЕУ. Меркел бара привилегирано партнерство на Турција и ЕУ.

”Мислам дека вкупниот развој, и покрај напредокот на Турција и проширувањето што е завршено, би бил префорсирање на проширената ЕУ.”

Еропскиот комесар, Гинтер Ферхојген, изјави дека Турција може да ги разбере ставовите на Меркел само како одбивање на нејзиното зачленување во унијата.

”Ваквата понуда Турција може да ја разбере само како одбивање, тоа мора да го кажам недвосмислено. Тоа би значело крај на реформскиот процес во Турција со сите последици што тоа би ги имало врз европската безбедност. ”

Сличен е ставот и на министерот за надворешни работи, Јошка Фишер.

”Затворањето на вратите пред носот на Турција би имало фатални последици за Европа и целата ЕУ. ”

Портпаролот на владата, Бела Анда, вчера во Берлин рече дека владата смета оти Турција заслужила вистинска перспектива за членство во унијата, ако ги исполни критериумите. Коалиционите зелени, ја обвинија Меркел за надворешно политичка и безбедносна игноранција. Дури и во редовите на нејзината партија, Меркел не наидува на целосна согласност со ставовите што ги застапува. Така, претседавачот на комисијата за надворешна политика во Бундестагот, Фолкер Рие, бара од унијата таа да се застапува за приклучување на Турција. Владата на Хелмут Кол, во 1997 година потпиша дека Турција има перспектива за членство. ”Би посакал ЦДУ и како опозиција да ја застапува истата линија како кога беше владеачка партија”, изјави Рие.

И Рупрехт Поленц, кој се занимава со надворешна политика во рамки на ЦДУ, смета дека Турција заслужува фер шанса.