1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Меркел подготвена да разговара за британските желби

Германската канцеларка Ангела Меркел по барањето на Велика Британија за нови преговори за своето членство со ЕУ, во основа сигнализираше подготвеност за разговори со Лондон. Меркел е за останување на Британија во ЕУ.

Крајно, во Европа се работи за тоа „да бидат најдени фер-компромиси“, изјави Ангела Меркел денеска во Берлин, каде се сретна со претседателот на Бенин, Томас Бони Јаји.

„Во овие рамкиние се разбира сме подготвени да разговараме и за британските желби, но мора да се има во предвид дека и другите земји имаат други желби“, истакна Меркел.

Со тоа таа реагира на говорот на британскиот премиер Дејвид Камерон во врска со односот на неговата земја и ЕУ. Претпладнево (23.01) Камерон беше дециден-би сакал да преземе нови преговори околу британското членство во ЕУ во првата половина од идната легислатива, од 2015 до 2017 година, доколку Британците повторно и‘ дадат доверба на неговата партија. Потоа би бил одржан референдум со едноставно изјаснување за две опции, „за“ или „против“ членство во Унијата.

Меркел се изјасни за останување на Велика Британија во ЕУ. Таа посакува Велика Британија „да биде важен и активен член на ЕУ“, изјави Меркел. За британските претстави во врска со Европа, сега ќе се разговара „многу интензивно“ со Лондон.