1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Меркел патува во посета кај Буш

Во Белата куќа Ангела Меркел денеска ќе се сретне со американскиот претседател Џорџ Буш.Во средиштето на кратката посета се плановите на сојузната влада за време на претседателствувањето со ЕУ и со Г 8.

Од минатата средба во Вашингтон

Од минатата средба во Вашингтон

Ситуацијата во Ирак и во Авганистан,конфликтот на Блискиот исток и иранските нуклеарни амбиции се темите околу кои ќе разговараат американскиот претседател Џорџ Буш и германската канцеларка Ангела Меркел,тие не се никакво изненадување. Канцеларката меѓутоа сега ќе ја презентира својата надворешна политика како претседател на ЕУ и на Г8.Во оваа истакната улога Меркел сака во следните месеци да повлече некои потези,но претходно сака да размени мислење со Џорџ Буш.

Канцеларката би сакала да придонесе кон повторно приближување меѓу Израел и Палестинците.Во тоа треба да помогне т.н. Квартет за Блискиот исток,во кој се застапени ЕУ,САД,Русија и ОН.Но,Меркел знае:без поддршката на Буш на Блискиот таа не може воопшто ништо да придвижи.Владиниот портпарол Улрих Вилхелм:

-Нема смисла да се презема нешто според одделните иницијативи на сите засегнати,туку важно е квартетот да ги обедини сите сили и секој да даде свој придонес.Германија може да даде свој придонес како претседавач со ЕУ.

На ваквите барања од Германија досега САД реагираа воздржано,но германската влада работи на тоа да го собере Квартетот следните недели и тоа на ниво на министри за надворешни работи.Во Вашингтон скептично гледаа и на посетата на германскиот министер за надворешни работи во Сирија на почетокот на декември.Ситуацијата на Блискиот и Средниот исток ќе претстваува значаен дел од разговорите.Истовремено Меркел кај Буш сака да се информира и за неговата нова стратегија во врска со ирачката политика и со зголемувањето на бројот на американските војници.

Друга тема ќе бидат трансатланските стопански врски,меѓу другото и како подготовка на самитот на ЕУ и САД напролет,кога Меркел ќе ја предводи европската делегација.Се работи за конкретизирање на повеќе работи,како на пример авторските права и техничките стандарди.

Со својата кратка посета на Вашингтон,Ангела Меркел сака и да покаже колу висока вредност за неа имаат врските со САД и специјално со Џорџ Буш,со кого во текот на својата функција негува тесни контакти.

Минатото лето Буш ја посети канцеларката во нејзината изборна единица,Мекленбург Предна Померанија,во јуни се очекува тој да се појави и на самитот на Г8 на Источното Море.

Поврзана содржина