1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Меркел остро го критикува вербалниот испад на Нуланд

Германската канцеларка Ангела Меркел остро ја критикува изјавата на Викторија Нуланд на сметка на напорите на ЕУ за решение на кризата во Украина.

Изјавата е „апсолутно неприфатлива“, нагласува портпаролката на германската влада Кристијане Вирц, цитирајќи ја канцеларката Меркел. Канцеларката е на мислење дека високата пратеничка на ЕУ Кетрин Ештон врши „извонредна работа“ и ЕУ и натаму ќе прави напори за смирување на ситуацијата во Украина, рече Вирц денеска (07.02) во Берлин.

Symbolbild Flaggen Europafahne und US-Flagge Flagge Deutschland

Американската дипломатка, според Министерството за надворешни работи во Вашингтон, им се извинила на европските партнери

Викторија Нуланд, која е одговорна за одделот Европа во американското Министерство за надворешни работи, во телефонски разговор со американскиот амбасадор во Киев, чиј дел е објавен на Јутјуб, бара трагањето по политичко решение за Украина да се подигне на ниво на ОН. Нејзината изјава завршува со зборовите „Fuck the EU“.

САД ја обвинуваат Русија дека стои зад објавувањето на доверливиот разговор на Нуланд. Американската дипломатка, според Министерството за надворешни работи во Вашингтон, им се извинила на европските партнери. Министерството за надворешни работи во Берлин не добило американско извинување, изјави портпарол на Министерството. Тој додава дека посоодветна адреса за извинувањето би била ЕУ. Коментирајќи го објавениот разговор, портпаролот на Министерството за надворешни работи вели дека случајот уште еднаш покажал дека „прислушувањето е глупаво.“