1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Меркел: од кризата ќе излеземе посилни

Германците, и покрај економската криза, можат со доверба да гледаат во иднината, вели германската канцеларка Ангела Меркел во нејзиниот новогодишен говор.

default

Меркел: охрабрувачки пораки

Германија сака да помогне во пронаоѓањето мир на Блискиот Исток, порача германската канцеларка Ангела Меркел. „Преминот во нова година е време за разграничување на важното од неважното. Што ви беше вам важно во оваа година? Некоја долго посакувана желба, грижа за близок човек, раѓање на сопствено дете, професионалната иднина, време за семејството или пријателите? Или само кратко сознание колкава среќа имаме што живееме во мир и сигурност? Многумина други, на пример луѓето на Блискиот исток многу би дале за ова“, рече Меркел. Насилството и судирите на Блискиот исток ескалираат. Меркел нагласи дека “теророт на Хамас е неприфатлив“.

„Не смеат да бидат заборавени причините и последиците на меѓусебните борби. Теророт на Хамас е неприфатлив. Но, исто така не смееме да заборавиме дека не постои друга разумна алтернатива за луѓето на двете страни освен мирен соживот на Израелците и Палестинците во две држави. И ние се залагаме за истото за коешто отсекогаш се залагала германската влада“, рече германската канцеларка.

Merkel besucht Israel - Zusammen mit Ehud Olmert direkt bei der Ankunft in Tel Aviv

Заложби за мир на Блискиот исток, Меркел и Ехуд Олмерт во Тел Авив

Таа додаде дека споредено со грижите на жртвите на војната и насилството, проблемите во Германија се мали. „Но, тоа не е причина да попуштиме во напорите во нашата земја. Многу од она што беше важно во 2008, останува исто и во 2009 година. Тоа е исто и во приватниот живот и во политиката.

Обезбедување работни места

Економската криза и справувањето со последиците од неа, беа една од главните теми во нејзиниот говор. „За мене на прво место во идната година е задржување и отворање нови работни места. Во Германија на овој план доста напредувавме изминативе три години, постојат повеќе вработени од кога било порано. И социјалните осигурувања станаа постабилни, а државните финансии посолидни. Постои поддршка за семејствата. Нашите претпријатија се конкурентни на светскиот пазар, а нашите училишта и универзитети поуспешни.Сетоа тоа дава основа за доверба, иако меѓународната криза ја допира и Германија.“ Меркел констатираше дека светот бил втурнат во криза поради финансиските ексцеси без свест за социјална одговорност, поради губење на мерката и поради некои банкари и менаџери.

„Светот живееше над своите можности. Само со согледување на причините, можеме да го излеземе од оваа криза“, изјави Меркел.