1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Меркел не се согласува со нов отпис на долговите на Грција

Германската канцеларка Ангела Меркел отфрла уште еден отпис на долговите на Грција. Таква изјава претходно даде и министерот за финансии Волфганг Шојбле.

Портпаролот на германската влада Штефен Зајберт денеска (29.10) изјави дека Германија по евентуален нов отпис на долгови не би можела веќе да и‘ дава кредити на Грција. „На доверител кој не може да ги врати долговите не би можеле непосредно потоа да му даваме нови кредити, односно гаранции. Со ваква мерка сами би си ги врзале рацете“, изјави Зајберт, додавајќи дека тоа не би било во интерес ниту на Атина.

Германија смета дека е покорисно на Грција со финансиска помош да и‘ се овозможи купување на сопствени државни обврзници по ниски цени за да се намали товарот од долговите. Портпарол на германскиот министер за финансии Виолфганг Шојбле изјави дека ваквата варијанта во моментов се разгледува.

Во текот на изминатиот викенд (27/28.10) барањето за нов отпис на долгови за Грција беше обелоденет од страна на таканаречаната Тројка, составена од експерти на Европската централна банка, Меѓународниот монетарен фонд и Европската комисија. Според наводи на претставници на еврозоната, ММФ притиска за отпис на долговите од страна на јавните доверители, како што се државите и централните банки. На тој начин даночните обврзници во дадените држави би се оптовариле дополнително.