1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Меркел не отстапува од длабоки реформи во ЕУ

Aнгела Меркел во Брисел дебатираше со шефовите на пратеничките клубови на Европскиот парламент. Таа сака да ги исправи грешките сторени при основањето на монетарната унија, а за тоа се нужни и промени во договорите.

Шефовите на пратеничките клубови на Европскиот парламент имаа можност да видат конкретна, сериозна канцеларка која го изнесува своето гледање на европската криза и укажува на патиштата за решавање на проблемите во ЕУ. Меркел настапи како убедена Европејка, но и како партнерка на парламентот.

„Слободата која Европејците ја стекнаа со падот на ѕидот сега треба да ги поттикне на нужни промени“, порача Меркел.

Кога вели дека е крајно време за промени, Меркел не смета само на консолидацијата на државните буџети, туку и на повеќе дисциплина и контрола, за да не дојде повторно до висока задолженост. Притоа, Европејците не би требало да стравуваат од долгорочни промени на договорите.

„Мора да најдеме вистински пат за долгорочно да ги стабилизираме стопанската и монетарната унија, на тој начин што ќе ги отстраниме грешките од периодот на основањето на Унијата“, рече германската канцеларка.

Критики за политиката на штедење

Дел од шефовите на пратеничките клубови ја критикуваа политиката за штедење во земјите погодени од кризата како Грција, Португалија и Шпанија. Претседавачот на пратеничката група на Социјалистите Ханес Свобода бараше

Bundeskanzlerin Angela Merkel vor dem EU-Parlament in Brüssel

Ангела Меркел

да се стави крај на „неуспешниот експеримент на политика на штедење“ и да се премине на политика на стопански раст. Слично мислење изнесе и Ребека Хармс од партијата на Зелените. Шефот на Либералите Ги Ферхофштат се заложи за заеднички европски обврзници.

„Еврото може да исчезне доколку не формираме европска држава, вистинска европска влада, европска демократија со вистински буџет и сопствени обврзници“, рече Ферхофштат .

Но, тие обврзници Меркел ги одбива затоа што, според неа, ниските камати го намалуваат притисокот врз дисциплината која е неопходна за консолидација.

„Доколку ги затвораме очите пред реалностa, нема да постигнеме благосостојба“, заклучи германската канцеларка во Брисел.