1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Меркел неприкосновен фаворит за канцелар

За Ангела Меркел од ЦДУ 57 проценти, за Пер Штајбрик од СПД 19 – ова се податоците за личната популарност меѓу гласачите на двајцата кандидати за канцеларката позиција, од истражувањето на „Форса“.

Денеска (24.04) објавената анкета на Институтот за истражување на јавното мислење „Форса“ покажа дека рејтингот на Штајнбрик се зголемил за два проценти по партиската конференција, одржана на почетокот од месецов.

Flagge von Bündnis 90 Die Grünen

Гласачите на Зелените би поддржале коалиција со конзервативците на Меркел

Анкетата на „Форса“ покажа дека доколку в недела би се одржале избори Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на чело со канцеларката Ангела Меркел би добила 42 отсто од гласовите и заедно со сегашниот коалициски партнер - либералите, за кои би гласале пет отсто од Германците, би освоиле мнозинство потребно за формирање влада. Пад во рејтингот бележат Зелените, кои според анкетата сега имаат поддршка од 14 проценти. Анкетата покажа дека мнозинството од гласачите на Зелените се подготвени да поддржат сојуз со конзервативците на Меркел, доколку се појави таква можност по септемвриските избори. Сепак, денешните резултати од анкетата покажуваат дека е мала веројатноста за формирање нова коалиција.

Peer Steinbrück Rede Parteitag Augsburg

Раст од два проценти во поддршката за опозиционерот Штајнбрик

Главната опозициска партија СПД бележи раст од еден процент во поддршката – сега има 23 проценти. Таа е традиционален партнер на Зелените, со кои владееше меѓу 1998 и 2005 година.

Германската нова антиевропска партија Алтернатива за Германија, која најмногу може да украде од гласовите на конзервативците на Меркел и од поддржувачите на пробизнис ориентираната ФДП, не успеа да направи поголемо влијание на досегашните анкети. Според истражувањето на „Форса“, таа има два процента.