1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Меркел на консултации со Путин

На средбата со претседателот Владимир Путин во рамките на редовните германско-руски владини консултации канцеларката Ангела Меркел се очекува да ја отвори темата за односот кон цивилното општество во Русија.

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Москва треба да учествува на 14. германско-руски владини консултации. Канцеларката ќе биде придружувана од бројни министри како и од висока стопанска делегација. На средбата во Москва треба да бидат потпишани повеќе економсмки договори меѓу двете земји. Од германски владини извори се дознава дека Меркел за време на разговорите со рускиот претседател Владимир Путин ќе ја отвори темата за односот кон цивилното општество во Русија. Причина за тоа се повредите на човековите права од страна на властите во Кремљ и примерите на насилно постапување против припадниците на опозицијата.

Претходно Меркел и Путин ќе присуствуваат на завршниот состанок на т.н „Петерсбуршки дијалог“ форум на кој од средата наваму претставници на општеството, политиката и културата на двете земји разменуваат мислења за актуелните случувања во односите меѓу Берлин и Москва.