1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Меркел на ЕУ Форум

Претседавачот со ЕУ и канцелар на Германија Ангела Меркел предупреди од високи очекувања за брзо решавање на спорот околу уставот во Европската унија. Меркел смета дека има уште доста потешкотии за поединечните интереси да се обединат, рече канцеларката на Европскиот форум во Берлин. Министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер најави дека преработената верзија на уставот треба да добие повеќе социјални елементи. Како друга натамошна промена на досегшаниот текст на уставот, Штајнмаер го наведе вкотвувањето на заштитата на климата и солидарноста на земјите членки во делот за обезбедување на енергија.