Меркел најави делумно отворање на пазарот за работна сила | Вести | DW | 25.08.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Меркел најави делумно отворање на пазарот за работна сила

*

Германија делумно ќе го отвори пазарот на работна сила за стручни лица од полето на електро и машинската индустрија. Според одлуката на владата на дводневното советување во Мезеберг, оваа мерка ќе важи за работници од земјите членки на ЕУ од Источна Европа. Владата реши исто така да ги штити германските претпријатија од преземање, преку странски државни фондови. Во програмата од 50 точки за работата на владата во второто полугодие од мандатот посебно внимание и‘ се посветува уште на заштитата на климата.