1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Меркел: Мировниот процес на Блискиот Исток мора итно да продолжи

По средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Берлин, германската канцеларка Ангела Меркел побара брз напредок во мировниот процес на Блискиот Исток, делумно и поради револуциите во арапските соседи на Израел.

default

Надминување на застојот во мировниот процес со Палестинците - тоа беше главното барање на германската канцеларка Ангела Меркел на средбата со гостинот од Ерусалим, Бенјамин Нетанјаху. Таа оцени дека со оглед на промените што се случуваат во арапскиот свет, изнаоѓањето решение на конфликтот меѓу Израел и Палестинците никогаш досега не било толку итно потребно:

„Сметам дека застојот мора да биде надминат, а целта мора да биде создавање две држави - од една страна да продолжи да опстојува Израел како еврејска држава, од друга страна и Палестинците да добијат сопствена држава“, истакна Меркел на заедничката прес-конференција со Нетанјаху во Берлин.

Flash-Galerie geplante Städte Palästinensische Autonomiegebiete Rawabi

И Палестинците почнаа со подигање на своите населби - до 2015 година тука треба да живеат 25 илјади жители

Нетанјаху: Израел прави се` за да ги оживее преговорите

Според германската канцеларка, пробив во преговорите може да се постигне до септември годинава. Притоа, таа уште еднаш јасно истакна дека еднострано прогласување на независна палестинска држава не е продуктивно решение. Таквиот чекор нема да придонесе за решението за две држави, истакна Меркел. Таа порача дека еден од начините да се продолжи мировниот процес е нова рунда преговори во рамки на блискоисточниот квартет, составен од ОН, ЕУ, САД и Русија.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пак, истакна дека Израел прави се` за да ги оживее преговорите, со цел да се постигне мир, стабилност и безбедност во регионот. Тој нагласи дека кога тие цели ќе бидат постигнати, ниту најголемата пречка за продолжувањето на разговорите, односно израелските населби на Западниот Брег, нема да претставуваат непремостлив проблем.

Автор: ТТ/ЕМФ/дпа

Редактор: Симе Недевски