1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Меркел – Либан

*

Германската канцеларка Ангела Меркел му вети натамошна поддршка на либанскиот премиер Фуад Сениора во напорите за стабилизирање на земјата. При тоа Меркел ја истакна посебно важноста на претстојните претседателски избори во Либан. Треба да се преземат сите можни мерки за изборите да минат коректно, порача германската канцеларка на средбата со либанскиот премиер во Берлин. Германија ја удвои помошта за палестинските бегалски кампови во Либан на вкупно 4 милиони евра.