1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Меркел климатски промени

*

Германската кланцеларка Ангела Меркел го повика светот на решителни чекори во борбата против климатските промени. Во говорот пред присутните на форумот за клима на ОН во Њујорк, Меркел ги повика индустриските нации да ја преземат главната улога во борбата против климатските промени. Таа нагласи дека е потребно до средината на веков најмалку за половина да се намали емисијата на штетни гасови. Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун извлече позитивен биланс од самитот. Тој испрати јасен повик до светските лидери да направат пробив во глобалниот дијалог околу ова прашање до конференцијата за клима во Бали.