1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Меркел – Кина

*

Германската канцеларка Ангела Меркел го повика кинеското раководство да преземе поостри чекори против пиратеријата и повеќе да се ангажира за заштита на климата. Во економскиот развој сите земји мора да се држат до заедничките правила на игра, изјави Меркел по разгворите со кинескиот премиер, Вен Џиабао во Пекинг. Премиерот Вен вети дека ќе бидат направени особени напори за заштита на климата. Во врска со извештаите за напади на кинески хакери врз компјутерите на германската влада, Вен најави дека има намера да преземе силни мерки против меѓународната компјутерска шпионажа. Меркел во Кина е во придружба на голема стопанска делегација. Темите на нејзините разговори за време на посетата на Кина се движат од заштита на климата, преку одбрана од пиратеријата до загриженоста на германските потрошувачи поради кинеските производи кои се опасни по здравјето.