1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Меркел и Путин сепак заедно на изложба

Германската канцеларка Ангела Меркел и рускиот претседател Владимир Путин сепак заеднички ќе ја отворат изложбата на уметнички дела земени од Германија и пренесени во Русија.

„Директен разговор“ со рускиот претседател Владимир Путин доведе до ревидирање на претходно најавенотo откажување на заедничката посета на изложбата, изјави германската канцеларка Ангела Меркел на заедничка прес-конференција во Санкт Петербург, каде учествува на Меѓународен економски форум. „Ова е важна изложба“, изјави Меркел.

Откажувањето на присуството на Меркел на изложбата Бронзената ера во „Ермитаж“, во која се изложени и експонати од т.н. „уметност-воен плен“, односно уметнички дела кои советските војници ги зеле од Германија и ги пренесле во Русија, од страна на набљудувачите претходно беше оценето како скандал.

Според германски владини извори, Меркел во својот говор на отворањето на изложбата во Санкт Петербург планирала да побара враќање на одземеното уметничко богатство. Владиниот портпарол Штефен Зајберт изјави дека руската страна, наспроти првичниот план, го откажала поздравниот говор и го исфрлила од програмата. Откажувањето на заедничкото отворање потоа било одлучено од двете страни, тврди Зајберт.

Deutschland Museum Goldschatz von Eberswalde Bronzezeit

Дел од ризницата од Еберсвалде

Дел од изложбата „Бронзено време - Европа без граници“ на светски познатиот музеј „Ермитаж“ е и спектакуларната „запленета уметност“, како Златната ризница од Еберсвалде, што советските војници по Втората светска војна ја донесле во Москва. Германија постојано инсистира на враќање, повикувајќи се на меѓународното право.

Никој точно не знае за колку слики и уметнички дела станува збор, но се проценува дека станува збор за „илјадници дела“.

Само од една галерија во Берлин се земени преку 400 слики, меѓу кои и дела на Рубенс и на Караваџо. Иако Берлин бара сликите да се вратат назад, Русија ја отфрла таквата можност. Москва вели дека сликите се наплатени „со крвта на советските војници“ и посочува дека она што го одзеле војниците на Наполеон, сега се чува во Лувр во Париз, а не се вратени ниту уметничките дела што германските нацистички војници ги одзеле од Русија.