1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Меркел и Путин: меѓународната заедница решително да постапи против Северна Кореја

Заедничко интервју на германскиот канцелар и рускиот претседател за Првата програма на германската телевизија

Владимир Путин и Ангела Меркел

Владимир Путин и Ангела Меркел

Меркел рече дека примерот со Иран покажува оти меѓународната заедница може повеќе да постигне со здружен настап, отколку кога е раскарана. „Светот сраснува меѓусебно и различните земји мораат блиско да соработуваат“ – рече германскиот канцелар. Меркел смета дека има смисла застрашувањето на држави чии раководства постапуваат нерационално, како што постапи Советот за безбедност на ОН во случајот со Северна Кореја. Според неа, истовремено би морало повторно да се активираат прекинатите разговори со таа земја.

Путин се согласи дека меѓународната заедница мора да реагира на постапките на Пјонгјанг. „Станува збор само за тоа како да реагира“, а вистинските одговори ќе се бараат во консултациите во Советот за безбедност. Најважно е „ние да постапуваме единствено“, како кај Северна Кореја, исто така и во атомскиот спор со Иран, рече рускиот претседател.

Тој побара и севкупна промена на процесите на донесување решенија за такви прашања. „Од јазикот на ултиматуми и санкции мораме да преминеме кон тоа во меѓународните прашања да се пробие меѓународното право“ – рече Путин. Според него, секоја земја, се’ едно дали голема или мала, силна или слаба, мора да се чувствува безбедна, штитена од тие за сите држави подеднакво задолжителни норми. Тогаш меѓународната заедница ќе можеда ги заостри и своите барања спрема тие земји. „Се’ додека тие се чувствуваат запоставени или сметаат дека ќе биде нарушена нивната безбедност, се’ дотогаш и ќе се однесуваат така“ – истакна рускиот претседател.