1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Меркел и Путин:„интензивни“ и „отворени“ разговори

И покрај разликите во мислењата во многу меѓународни теми,германскиот канцелар Ангела Меркел и рускиот претседател Владимир Путин сакаат натамошно продлабочување на германско руските односи.

default

Јавниот натпревар во наместени насмевки траеше точно пет минути.Прашања не беа дозволени,а веројатно не беа ни нужни,лицата доволно кажуваа.Германската канцеларка Ангела Меркел и рускиот претседател Владимир Путин се појавија пред новинарите со час задоцнување.Тој носеше црвена вратоврска,таа црвено сако,крај на сличностите.Тие се согласиле очигледно само околу два збора,кои требаше да сугерираат блискост:„интензивно и отворено“:

-Сакам да подвлечам дека разговорите се водеа во многу отворена и интензивна форма,што значи дека ние сакаме да соработуваме и дека сме ние стратешки партнери.

Путин првите разговори ги означи како многу интензивни и содржински.Тој и Меркел разговарале практично околу сите полиња на меѓусебна соработка со исклучок на надворешната политика.Тој ја истакна отвореноста на разговорите:

-Јас слушнав се што кај нашите германски пријатели сеуште предизвикува прашања и се надевам дека ги разјаснивме нашите позиции што е од заеднички интерес.

На каков вид отвореност се мислеше притоа,рускиот претседател стави до знаење во претходниот настап.Тој на Европа и префрли за нефер конкурентски методи.

Иако постои силна побарувачка на руската енергија во светот,неговата земја е спречувана при влегувањето на други пазари.Со тоа Путин ја подвлече заканата од Алексеј Милер,шефот на рускиот енергетски концерн Газпром,кој се закани со запирање на испораките на гас кон Европа ако западот ги спречува експанзиите на концернот.

Но,нанадвор се е одлично.Ангела Меркел зборува за стратешка соработка,наместо како што е вообичаено,за партнерство.Во дадените прилики повеќе грешка отколку намера:

-Во нашите први разговори ние направивме прва рунда на сите билатерални теми,стопанската соработка,финансиската,енергетската,соработката во областа на истражувањата и иноваторството,како и културата.Мислам дека самото мноштво теми веќе кажува дека се работи за стратешка соработка.

Во придружба на Ангела Меркел се осум министри,како и бројни стопанственици.Треба да бидат потпишани повеќе стопански договори,како оној меѓу Германската и Руската железница,како и меѓу Газпром и Басф.На дневен ред се и повеќе спорни меѓународни проблеми како ставот кон новото палестинско раководство и конфликтот околу иранската атомска програма.