1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Меркел и Пелози за борба против климатските промени

Германската канцеларка Ангела Меркел по средбата со претседателот на претставничкиот дом на американскиот конгрес, Ненси Пелози ја нагласи потребата од меѓународно единство во борбата против климатските промени. Пелози на разговорите во Берлин ја увери Меркел дека Конгресот ќе ја поддржи целта за намалување на ефектот на глобално затоплување. Сепак останува отворено дали администрацијата на Џорџ Буш на претстојниот самит на Групата Г8 во германскиот град Хајлигендам, ќе го прифати германскиот план за намалување на емисијата на штетните гасови.