1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Меркел и Обама демонстрираа единство

Германската канцеларка Ангела Меркел и американскиот претседател Барак Обама на средбата во Белата куќа разговараа за климатските промени, но, и за финансиската состојба и ситуацијата на Блискиот исток.

default

Ангела Меркел и Барак Обама

Пред камерите и микрофоните, Барак Обама и Ангела Меркел повторно ја нагласија добрата германско-американска соработка. Двајцата политичари го осудија насилството против демонстрантите во Иран и се заложија за напредок во блиско-источниот конфликт и построго регулирање на финансиските пазари.

Чекор во вистинска насока

Взамено признание политичарите си одадоа и за темата заштита на климата. Меркел го пофали првиот американски предлог закон за заштита на климата, којшто по повеќечасовна дебата вчера доби зелено светло од

Merkel in Washington

Германската канцеларка и американскиот претседател

претставничкиот дом на американскиот Конгрес. „Ова е огромен чекор кон една вистински амбициозна климатска програма на Соединетите држави. Таа има значење кое не може да биде потценето.“

Според плановите, САД и натаму значително помалку ќе ги редуцираат издувните гасови, отколку Европејците. Германската влада смета и дека Обама во моментов не може да постигне повеќе во Конгресот. Но, американскиот претседател покажа одлучност. „Сегашниот закон е огромен напредок, но треба да се направи уште многу.“

Не е поставено специфично барање и нема специфични ветувања

Канцеларката и претседателот не зборуваа за можните теми, за кои постојат различни мислења. На прашањето дали разговарале за логорот Гвантанамо на Куба и дали Германија ќе прифати затвореници, Обама се обиде да избегне директен одговор. Тој укажа на тоа, дека го почитува тоа што канцеларката во преден план ги има безбедносните интереси. Не е поставено специфично барање, и нема специфични ветувања. Но канцеларката увери. „Германија нема да се извлекува од одговорност, и понатаму конструктивно работиме и ќе дојдеме до резултат. Прилично сум сигурна во тоа.“

Поради гласините, за наводно студените лични односи меѓу двајцата политичари, новинарите го прашаа претседателот каде лежи Германија на неговата емоционална карта? „Во моето срце секогаш ќе имам топло место за Германија. Поради позитивните реакции на народот и затоа што ми е драга канцеларката Меркел. Таа е паметна, прагматична и имам доверба во неа“, одговор, кој барем за сега ќе ги замолчи гласините.


Автор: Сабине Милер / Александра Трајковска