1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Меркел и Буш согласни по прашањето за Иран

*

На крајот од разговорите со американскиот претседател Џорџ Буш, канцеларката Ангела Меркел испрати предупредувачки сигнал до Иран. Доколку земјата не попушти во спорот околу атомската програма, Техеран мора да смета со натамошни санкции, рече Меркел во Крафорд, Тексас. Германија е подготвена да ја ограничи трговијата со Иран. Истовремено Буш и Меркел нагласија дека се решени да најдат мирно решение за спорот.

По прашањето на заштита на климата Буш рече дека е свесен за проблемот, но нагласи дека мерките за заштита од затоплувањето Планетата не смеат да претставуваат оптоварување за стопанството.