1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Меркел и Браун за глобална реформа на финансискиот систем

Германската канцеларка Ангела Меркел и британскиот премиер Гордон Браун договорија соработка на двете земји заради надминување на финансиската криза. Европа на овој план мора да соработува и со САД, побара Меркел.

default

Заеднички против кризата

На средбата на Ангела Меркел со Гордон Браун доминираше грижата дека финансиската криза може да се прошири на земјите од Источна Европа. Британскиот премиер смета дека ММФ треба да игра главна улога во поддршката на овие национални економии. За Браун реформата на ММФ е идеја која сака да ја предложи и на Светскиот економски самит, што ќе се одржи во средината на ноември во Вашингтон. Браун, кој важи за евроскептичар, потенцираше дека финансиската криза е глобален проблем кој бара глобални решенија, ниедна земја, колку и да е голема, не може сама да се справи со неа.

Единствена европска стратегија

Меркел стравува дека финансиската криза долгорочно може да влијае и врз германската реална економија и пазарот на труд. Таа во Лондон настојуваше да ја придобие Велика Британија за постигнување единствена европска стратегија во пресрет на Светскиот економски самит. Таа верува дека соработката во последите недели покажа дека Европа е на добар пат. Гласот на Велика Британија, како дел од ЕУ, притоа ќе биде важен во прашањето за иднината на финансиските пазари.

BdT Bundeskanzlerin Angela Merkel

Германската канцеларка Меркел

За Меркел две важни точки на идните реформи се осигурување на ризикот на банките и контрола на примањата на топ менаџерите:

Ако правилата, кои важат за економијата во целина, малку повеќе се применуваат во оваа многу динамично развиена бранша, високите ризици да бидат осугурани со висок сопствен капитал, тогаш не ни е потребно пооделно регулирање, смета Меркел.

Таа вчера за првпат беше примена во аудиенција кај британската карлица Елизабета втора.


DW.COM