1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Меркел и Абдула за мировниот процес на Блискиот исток

*

Германија и Јордан се надеваат на успех на Блиско источната конференција во Анаполис и покрај последното насилство во појасот на Газа - ова го нагласија канцеларката Ангела Меркел и Јорданскиот крал Абдула Втори на заедничката средба во Берлин. И двете страни се надеваат дека ќе има напредок во мировниот процес. Јорданскиот крал и германската канцеларка се заложија и за решение на две држави. Меркел потенцираше дека од сите страни се прават сериозни напори за да се постигне долгорочно решение.