1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Меркел-Индустриските земји да ги зголемат напорите за заштита на климата

Самитот на Г8 кој на почетокот на јуни треба да се одржи во Германија, според канцеларката Ангела Меркел е шанса заеднички да се разгледаат меѓународните проблеми. На форумот на економски најразвиените земји ќе се разговара за најитните глобални прашања истакна Меркел во денешната владина изјава пред Бундестагот во Берлин. Таа ги повика САД о пстанатите индустриски земји да ги зголемат напорите во борбата против промените на климата . Покрај политичките теми и заштитата на климата на Самитот ќе се разговара и за заштита на климата, финансиските пазари и развојната помош за Африка.