1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Меркел извлекува позитивен биланс за европската политика

*

Заклучоците за заштита на климата на Европската унија, според германската канцеларка Ангела Меркел беа одлучувачки предуслов за спогодбата на Г8 државите, на долгорочен план да се намали процентот на издувни гасови во амосферата. Г8 државите се усогласија и дека мора да има наследник на Кјото протоколот и тоа до крајот на 2009 година под капата на Обединетите нации. Истовремено канцеларката Меркел во Бундестагот извлече позитивен биланс за германското претседателство со Унијата. Соработката во последните месеци покажа, како европските планови може да добијат тежина во светот, смета Меркел во владината изјава.