1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Меркел за европскиот устав во Португалија

Германската канцеларка Ангела Меркел стигна во Португалија на советувања околу идниот европски устав.Меркел во близина на Лисабон ќе има разговори со претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо и португалскиот премиер Сократес.Тој ја повика канцеларката Меркел да придонесе за придвижување на 27 земји од ЕУ кон напредок во однос на преговорите за европскиот устав.