1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Меркел за договорот во рамки на ЕУ

*

Германската влада најавува брзо ратификување на реформскиот договор кој беше усвоен на самитот на земјите членки на Унијата во Лисабон. Сојузната канцеларка Ангела Меркел изјави дека до божик кабинетот ќе работи на документот. Неговото ратификување во парламентот може да се очекува до наредното лето.

“ Европа ќе функционира подобро. Ќе има повеќе можности за регионот, за населението во националните држави, исто како и за националните парламенти. Ќе постои јасна поделба на надлежностите“ изјави Меркел