1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Меркел за Денот на ЕУ: Европа може да стане подобра!

На Денот на ЕУ, германската канцеларка Ангела Меркел го отвори годинешниот „Европски форум„ , чие мото овој пат е: „Неизвесната иднина на Европа – стратегии за нова политика на ЕУ„.

Ангела Меркел на „Европскиот форум„ во Берлин

Ангела Меркел на „Европскиот форум„ во Берлин

Ставот на германската канцеларка кон ЕУ во моментов се потпира врз три куси тези:

„Прво, Европа е подобра отколку нејзиниот углед кај граѓаните. Второ, Европа сепак не е доволно добра. И трето, Европа мора, но таа навистина и може да стане подобра!„

Што се однесува до првата теза, што Ангела Меркел ќе ја застапува и во владината изјава за европската политика пред пратениците на Бундестагот в четврток, канцеларката смета дека ЕУ всушност страда од сопствениот историски успех.

„... таа е огромен успех, но за младата генерација која се раѓа и живее во оваа, сегашна Европа, тоа не е нипто посебно. Младите не можат воопшто да си замислат дека може да биде поинаку.„

Затоа помладите генерации радо наоѓаат во Европа простор за обвинување за голем број национални проблеми:

„Мое најдлабкото уверување е дека е нужно неопходно процесот на интеграција на Европа да се одвива непрекинато понатаму, зашто во спротивно многу е веројатно назадување со несогледливи последици, кои никој не ги сака!„

Меркел смета исто така дека Европа мора интензивно да работи на надминување на слабостите. Таа мора да стане поефикасна и побрза. Што се однесува пак до иднината на ЕУ, канцеларката не може да си ја замисли Европа без устав. Но исто така и не без јасни граници. Не можат сите земји да станат членки на ЕУ, а оние кои не можат, ним треба да им се понуди подобра политика на соседство.