1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Меркел за Г8

Самитот на Г8 кој на почетокот на јуни треба да се одржи во Германија, според канцеларката Ангела Меркел е шанса заеднички да се разгледаат меѓународните проблеми. На форумот на економски најразвиените земји ќе се разговара за најитните глобални прашања вели Меркел во денешната владина изјава пред Бундестагот во Берлин. Покрај политичките теми на самитот ќе се разговара и за заштита на климата, финансиските пазари и развојната помош за Африка.