1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Меркел замина за Русија со големи очекувања на домашната јавност

Меркел во Москва се наоѓа пред значително потешка задача отколку во петокот во Вашингтон – оценуваат еднодушно набљудувачите.

Путин и Меркел пред тешка дипломатска задача: ново дефинирање на германско - руските односи

Путин и Меркел пред тешка дипломатска задача: ново дефинирање на германско - руските односи

Германската канцеларка Ангела Меркел претпладнево отпатува за Москва. Во густата агенда на кусата посета централно место завземаат речиси тричасовните разговори со рускиот претседател Владимир Путин. Потоа на планот е средба со невладини организации и групи во германската амбасада во Москва, што претходниот канцелар Герхард Шредер не го практикуваше.

На средбата во четири очи со домаќинот Владимир Путин, гостинката од Берлин ќе бара заеднички настап околу спорната атомска програма на Иран, ќе разговара за ставот кон жариштето на Блискиот исток со оглед на претстојните избори на Палестинците, за скорешните избори и во Украина и Белорусија. Според најавите од Берлин, Меркел ќе ја тематизира и соработката меѓу Германија и Русија на енергетски план, но стопански теми овој пат нема да бидат во жариштето на интересот.

Најголеми очекувања познавачите на германско-руските односи поврзуваат со намерата на новата шефица на германската влада да ги спомне и за Москва непријатните теми како што е Чеченија, законот за контрола на невладините организации и воопшто сосотојбата со човековите права и дефицитите на планот на демократијата. Дека новата канцеларка нема да му гледа на Владимир Путин низ прсти на овој план како што тоа го правеше нејзиниот претходник на функцијата Герхард Шредер, ставајќи ги во прв план стратешките политички и економски интереси, покажува и фактот што Меркел посебно ќе се сретне со претставници на критички настроени движења и групации кон Кремљ. На средбата во германската амбасада во рускиот главен град ќе присуствуваат и претставници на цврквата, наулчници и менаџери, уметници и борци за граѓански права.

Дека Ангела Меркел не се плаши од спомнувањето и непријатни теми, таа покажа веќе при посетата на Вашингтон минатиот петок. Германските политички партии очекуваат дека таа во Москва барем во толкав обем ќе ги спомне проблемите на Русија со Чеченија, колку што при средбата со Буш ги тематизираше отворените прашања околу затворот на Гвантанамо.

„Верувам дека односите ќе останат добри и во иднина. Русија мора да прифати дека наш интерес не е само прашањето за еконоска соработка, туку и прашањата како демократијата, правната држава и псотапките кон Иран„ - порача политичарот на ЦДУ, Екарт фон Кледен.

Копретседателката на Партијата на Зелените, Клаудија Рот именуваше други теми:

„Од госпоѓа Меркел очекувам јасни критички зборови во однос на валканата војна во Чеченија, за драматичното непочитување на демократијата, на пример на слободата на печатот, во процесот Ходорковски, како и притисокот врз невладините организации.„

Експертот за надворешно политички прашања на Либералната партија Вернер Хојер изјави дека очекува Меркел да го прекине претерано пријателскиот однос што Герхард Шредер го одгледуваше кон Рускиот претседател Путин. Истовремено за Германија останува од голема важност тесната соработка со Русија, посочи Хојер.

А претставникот на германското стопанство Клаус Манголд спроти посетата посочи дека очекува успешна прва посета на Меркел на Москва, бидејќи таа долго време интензивно се занимава со односите со Русија и сигурно сфатила дека на енергетското партнерство со оваа земја му нема соодветна алтернатива. Германија имено покрива 35% од вкупните испораки на земен гас од Русија.