1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Меркел задоволна од резултатите на самитот

Самитот на Г8 во Хајлигендам заврши со конкретен договор за помош на Африка. Поставен е и камен-темелник за сеопфатен процес на дијалог со земјите во подем – Индија, Кина, Мексико, Бразил и Јужна Африка.

default

Ангела Меркел со претседателите Буш и Путин

Домаќинот на самитот, германскиот канцелар Ангела Меркел, беше видливо задоволна од она што беше постигнато на собирот на шефови ан држави или на влади на седумте најразвиени индустриски нации на светот и Русија. “Велам успешен самит оти сум на мислење дека беа усвоени далекусежни заклучоци кај клучните теми од нашето германско претседателство со Г8. Си поставивме задача темата ’Пораст и одогворност‘ да ја третираме во разлини диманзии и ни успеа тоа на повеќестран начин јасно да го покажеме и во завршниот документ”.

Тие клучни теми беа заштитата на климата и помош за Африка. Пред се’ кај климата Меркел со тврдокорност и преговарачка вештина се избори за постигнување согласност – прво на своја страна ги доведе Канада и Јапонија, а потоа и американскиот претседател Џорџ Буш мораше да се откаже од натамошниот отпор. “Напредокот се состои во тоа, што сега повторно има јасен преговарачки налог врз основа на механизмот на ОН. И земјите што беа поканети како гости - и африканските, и оние од групата во подем - јасно покажаа дека и тие се чувствуваат обврзани спрема тој процес, кој, велат, мора да се случува во рамките на ОН” – рече Меркел. Наредниот самит на ОН за климата, во декември во Бали - Индонезија, практично мора да успее.

Успех земите на Г8 очекуваат и од договорениот пакет помош за Африка: ќе бидат донирани 60 милијарди долари за сузбивање на болести како сида, маларија и туберкулоза. Потврдено е дека ќе бидат извршено и ветувањето дадено пред две години на самитот на Г8 во Глениглс за значително зголемување на развојната помош. “Но, на денешната средба со африканските претставници стана јасно дека самото тоа не е доволно: се очекува ние да го дадеме придонесот што се однесува и до подобрувањето на институциите. Од африканска страна беше јасно кажано дека тие знаат оти и Африка има одговорност во рамките на милениумскиот процес. Значи,тоа не е еднонасочна улица” – констатира германскиот канцелар.

Германија ќе претседава уште половина година со Г8 и во тоа време сака да ги унапреди започнатите процеси. Потоа кормилото го презема Јапонија. Наредниот ваков самит ќе се одржи на почетокот на јули наредната годинана островот Хокаидо на северот на Јапонија.