1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Меркел загрижена за следната година

Германската канцеларка Ангела Меркел сака да спречи пад на економијата во изборната 2013-та година. Tаа си постави задача „економската сила да ја одржи, а работните места да ги направи колку што е можно посигурни“.

Германската канцеларка смета дека екомскиот раст во следната година ќе биде во благо опаѓање. „Јас влегувам во годината со оптимизам, но исто така влегувам и со загриженост во годината, бидејќи гледаме и тука дека економскиот раст малку забавува“, рече Меркел. Таа додаде дека задачата во новата година ќе биде да се одржи економската сила на земјата и да се направи колку што е можно повеќе работните места на граѓаните да бидат сигурни.

Претседателката на Христијанско-демократската унија во неделната видео порака рече и дека Германија не може сама да ја определува меѓународната економска ситуација, „но може нешто да направи за тоа, за, на пример, домашната побарувачка да продолжи нормално да функционира“.

Сојузот на германската индустрија (БДИ) предвидува дека извозот во следната година ќе порасне најмалку за три проценти. Во тековнава година германскиот извоз порасна за околу четири проценти.

И покрај овој позитивен развој се забележува дека следната година ќе биде пресвртна точка – во 2013-та година германскиот извоз забавено ќе расте, исто како и глобалната трговија.

Намален економски раст може да се забележи и во Германија, стои во изјавата на Меркел. Зборувајќи за еврокризата канцеларката рече: „Сметам дека во еден цел дел направивме напредок“. Сега постои механизам за солидарност за фондот за спас ЕСМ и поголема буџетска дисциплина преку фискалниот пакт. „Но, ние и натаму треба да изодиме уште долг пат“, додаде Меркел.