1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Меркел е против обврски за Грција кои се игнорираат

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави оти се надева дека Грците ќе изберат нова влада, која ќе се држи до ветувањата дадени од земјата пред меѓународните кредитори. Грците ги предупреди и Жан Клод Јункер.

Меркел инсистира Европјеците да запрат со преземањето обврски кон Грција, бидејќи Грците потоа ги игнорираат.

Lucas Papademos Griechenland Regierungserklärung

Кој и да го формира мнозинството во парламентот, мора да продолжи со договорите за штедење

„Ветено, прекришено, ништо не се случува – работите вака не можат да продолжат во Европа. Она што излегува на крај е дека оние кои не се држат до договорот, така да кажам, ги влечат останатите за нос. Тоа нема да може така“, рече германската канцеларка Меркел.

И министерот за економија и заменик канцелар Филип Реслер предупреди дека Грција мора да се држи до договорите.

„Секоја идна влада ќе мора да продолжи со договорените мерки за штедење и со реформскиот курс. Без реформи нема да има дополнителни пари“, рече Реслер.

Резултатот од изборите во Грција е важен за еврозоната, бидејќи излегувањето на земјата од монетарната унија би можело да ја загрози целата еврозона. На таков став е и претседателот на Еврогрупата и премиер на Луксембург Жан Клод Јункер, според кого резултатот од изборите е многу важен.

Griechenland Euro Sparen Flash

Доколку Грција се откаже од договорите за штедење, тогаш ќе ја напушти еврозоната, а тоа ќе донесе последици за целата монетарна унија

„Доколку победи радикалната левица, што не може да се исклучи како можност, последиците за евроозната би биле огромни. Ние ќе мораме да разговараме со секоја влада. Можам само да предупредам на опасноста од одлучувањето за излез од монетарната унија. Со тоа внатрешната кохезија на еврозоната би била загрозена“, објасни Јункер во интервју за виенскиот весник „Курир“.

Според него, Грците мораат да бидат свесни дека со истапувањето на земјата од еврозоната, независно од економските и социјалните последици по неа, би се предизвикала штета во монетарната унија. Јункер истакна и дека на Грците мора да им биде јасно оти е „смешна“ помислата борбата против долговите да се води со уште поголеми државни долгови и буџетски дефицит, потенцирајќи дека за суштината на програмата за штедење со Грција не може да се преговара.

Во земјата вчера вечер заврши предизборната кампања. Најголема шанса да победат на овие избори имаат Коалицијата на радикалната левица – СИРИЗА и конзервативната Неа демократија, кои се изедначени на последните анкети. Анкетите покажуваат дека веројатно во парламентот ќе влезат седум партии.