1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Меркел - ЕУ - Балкан

Отвореноста треба да остане препознатлив бренд на ЕУ, која трајно мора да го врзува за себе Западниот Балкан – оценува германската канцеларка и актуелен претседавач со ЕУ, Ангела Меркел во интервјуто за неколку европски весници. Повод за интервјуто е 50-годишниот јубилеј од основањето на ЕУ што идната недела ќе се прослави во Берлин. Меркел освен тоа нагласува дека на земјите од Западниот Балкан им е потербна европска перспектива. Таму повеќе не смее да се повторат војни како од почетокот на 90-тите години.