1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Меркел – една година канцеларка

Пред една година Ангела Меркел ја презеде должноста германски канцелар. Биланс на работењето на големата коалиција извлекува Петер Штуцле.

Ангела Меркел

Ангела Меркел

„Се колнам дека со сета моја сила ќе му се посветам на германскиот народ..“.

22 ноември 2005. Ангела Меркел положи заклетва како канцелар. Нешто што не е само по себе разбирливо, зошто по тесната победа на социјалдемократите Герхард Шредер во првите моменти го отфрли нејзиното барање за преземање на кормилото.

„И верувате дека, мојата партија ќе го прифати предлогот за преговори од госпоѓа Меркел во ситуација во која таа вика дека би сакала да стане сојузна канцеларка? Мислам дека мораме да ја оставиме црквата в село. Германците околу кандидатското прашање гласаа јасно“, изјави тогаш Шредер.

На крајот сепак беше избрана Меркел. Првите денови од канцеларувањето Меркел и се посвети на надворешната политика. Се заложи да ги обнови нарушените односи со САД, со само мала критика за затворот Гвантанамо. Мајсторско дело на Меркел сепак беше посредувањето во спорот меѓу Англија и Франција околу долгорочното финансирање на ЕУ.

„Во основа беа германско-француските односи полни со доверба и отворени и искрени преговори со Британците. На крајот се исплатеше. “

Тоа добро се исплатеше и за Меркел, која во анкетите тогаш освои најголема доверба кај населението. Но, како што почнуваа да стапуваат на сцена внатрешните реформи, довербата опаѓаше. Двата колициони партнера во изборната кампања настапија со дијаметрално спротивни концепти. Шефот на фракцијата на СПД, Петер Штрук:

„Мислам дека нема да постигнеме ништо ако не најдеме трет пат. Во спротивно не вреди да продолжиме со владеењето.“

Се пронајде заеднички реформски концепт. Но, тој наиде на одбивање кај групи со различни интереси. Народот, пак не го прифати оценувајќи го како премногу компликуван. Така владеачките партии достигнаа најниско ниво на доверба во анкетите. Меркеловата ЦДУ ја опоменуваатдека треба повеќе внимание да им посвети на обичните луѓе. Во спротивно нема да победи на избори. Тоа се потврди на покраинските избори во Берлин и Мекленбург Предна Померанија, каде христијанските демократи добија катастрофални резултати. Меркел тогаш реагираше вака:

„Од ова извлекувам заклучок, дека мора да продолжиме да работиме. Во изминатиов период не донесовме само одлуки пријатни за уши. Па сепак за мене нема друга алтернатива освен да продолжиме по овој курс.“

И на крајот: одредени планови се спроведуваат добро. Меѓу нив е рефомата на федерализмот. Добро и оди и на економијата, бројот на невработени постојано се намалува, стопирана е државното задолжување. Сега Меркел се надева дека со идното претседателство со ЕУ и Г8 повторно ќе се надоврзе на надворешно политичките успеси од почетокот на мандатот.