1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Меркел: Европа функционира со две брзини

Европа треба да расте заедно, но не сите земји се движат со исто темпо, оцени германската канцеларка Ангела Меркел. Таа во исто време бара поголемо единство на политичко ниво.

default

Vermittlerin in Brüssel

Загриженоста за продлабочување на кризата во еврозоната го натера американскиот претседател Барак Обама да разговара со британскиот премиер Дејвид Камерон, германската канцеларка Ангела Меркел и италијанскиот премиер Марио Монти, информираше Белата куќа. Притоа, според информации од британската влада, Обама побарал итен план за решавање на кризата во еврозоната. Обама, Меркел и Монти се согласиле за значајноста да се преземат чекори кои би довеле до раст во Европа и на глобално ниво.

Европа треба да расте заедно, но не сите земји се движат со исто темпо, оцени канцеларката Меркел. Таа во исто време бара поголемо единство на политичко ниво.

„Ние преку еврото имаме Еворпа со речиси две различни брзини“, изјави Меркел, која смета дека на Европа не и’ треба само монетарна унија, туку и т.н. фискална унија, која подразбира поголема заедничка буџетска политика.

Британскиот премиер Дејвид Камерон по разговорот со Обама оцени дека Германија не може самата да се справува со кризата во еврозоната.

„Не може да се очекува Германија да ја разреши кризата во зоната на заедничката валута на нејзин начин, затоа што за тоа се потребни цела низа од мерки“, изјави Камерон, нагласувајќи дека ниту еден од лидерите на ЕУ не може да биде издвоен дека има одговорност за тоа.

Изјавата на Камерон доаѓа пред неговата денешна посета на Берлин и средбата со германската канцеларка Ангела Меркел, но и по уште едно бранување на лондонската берза, откако Шпанија одново ја одби препораката дека на нејзините банки што се соочуваат со сериозни тешкотии им е потребана странска помош.

Камерон, кој потенцира дека продолжената криза во еврозоната и создава проблеми и на британската економија, покрена нова меѓународна офанзива околу потребата за забрзано решавање на кризата во Европа. Владата во Лондон предлага зголемување на фондот за покривање на неликвидните земји во еврозоната, издавање на еврообврзници, како и структурни реформи во ЕУ.